Скандалозна одлука на судот, за убиството во Мала Речица само четири месеци затвор

Четворица од обвинетите за убиството на почетокот на април во Речица, Тетово се осудени на четири месеци затвор. Ридван Дервиши, Лулзим Битри, Халил Камбери и Сабит Реџепи беа осудени блиску до минималната казна за делото учество во тепачка.

Обвинетиот Лулзим Битри, државјанин на Албанија, по отслужуавње на казната ќе има петгодишна забрана за влез во Македонија. Адвокатите на одбраната, врз основа на доказите што ги поседуваат, изјавија дека од судот очекувале условни казни за нивните клиенти, пренесува Алсат-М.

Како казна сметаме дека е многу ригорозно, од фактот што овие четворица се исто така оштетени и сега се осудени на четири месеци лишување од слобода. Верувам дека врз основа на консултациите кои ќе ги направиме со обвинетите, ќе видиме дали ќе одиме во фазата на жалба, но верувам дека ќе има и жалба околу санкцијата, бидејќи постапката е во рамките на законот. Не очекувавме, но тоа е судска одлука, а ние мораме да го почитуваме исто како што е законот, изјави Миралем Асани –Адвокат на одбраната.

Од друга страна, обвинетите од семејството Мисини пред судскиот совет на последното рочиште се изјаснија за невини бидејќи биле жртви. Следното рочиште ќе се одржи на 11 – ти јули, каде ќе се слушаат експерти и очевидци. На 5 – ти април, во вооружен инцидент во Мала Речица помеѓу две ривалски групи од Куманово, беше убиен Наип Реџепи, додека Саби Реџепи и Флорим Мисини беа тешко повредени.

Како потсетување за нападот врз пратеникот Зијадин Села од 27 април судот вчера изрече 7 затворски казни од 10 до 13 години и 6 месеци. По детално прегледување на собраниските снимки, обвинителството води истражна постапка и против други лица вмешани во настанот. По завршување на судскиот процес, адвокатот на Села најави побарување на оштета од 500 илјади евра.

 Драконски казни несоодветни на тежината на кривичното дело, какво е ова судство. Вака одбраната на дел од осудените ги коментира вчерашните затворски казни од 10 до 13 години за нападот врз Зијадин Села. Правдата ќе ја бараат во повисоките судови.

8 години затвор за двојно убиство и 5 години и 6 месеци за пукање во доктор на скопска клиника, се само дел од процесите за досегашната судска пракса, која покажува дека Кривичниот суд има изрекувано многу пониски казни за посериозни кривични дела, типичен пример е и убиството в о Мала Речица, каде за убиство се добиваат само четири месеци затвор.