Трамп ќе ја посети Британија, а во Лондон најавени протести

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе допатува на 12 јули во посета на Британија, каде ќе се состане со кралицата Елизабета Втора и премиеката Тереза Меј.

Во таа прилика во главно ќе го избегнува Лондон, каде се најавени протести против неговото доаѓање, јави АП.

BBC пак, наведува дека планирано е Трамп ноќта меѓу четврток и петок следната недела да ја помине во куќата на американскиот амбасадор во англиската престолнина.

Трамп во Британија ќе допатува во четврток попладне, заедно со првата дама Меланија Трамп, по самитот во Брисел.

Тие ќе присуствувааѕ на вечера на црните врски, чиј домаќин е британската премиерка во палатата Бленхајм во близина на Оксфорд, родното место на Винстон Черчил.

Илјадници луѓе се очекуваат на протести во престолнината на Британија и во Шкотска, каде Трамп ќе замине во петок.