Тајландските момчиња може да одат, но уште не и да нуркаат

Дванаесетте момченцана возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25-годишен фудбалски тренер заробени веќе две седмици во комплексот пештери Там Луанг на Тајланд, нема да бидат спасени во текот на оваа ноќ, бидејќи не можат да нуркаат, објавија во петок локалните власти.

Групата од локалниот јуниорски клуб влегле во пештерата кога била сува, но ги зафатил ненадеен пороен дожд којашто го потопила пештерскиот комплекс и сите негови влезови и подземни премини.

Зборувајќи за медиумите во петокот, гувернерот на покраината Чианг Раи, изјави дека момчињата се телесно подготвени да одат, но не и да изнуркаат на површината. Запрашан дали акцијата на спасување во текот на ноќта ќе се извршува доколку заврне дожд, гувернерот Наронгсак Осотанакорн рекол „Не, во овој момент момчињата не можат да нуркаат“. Додал дека се во добра состојба и дека имаат доволно кислород. Нивните родители во четвртокот им напишаа пораки, но гувернерот не може да потврди дали тие стасале до децата.

Спасувачите досега издупчиле повеќе од стотина дупки, надевајќи се дека така директно ќе дојдат до спилата. Ветувачки од нов се 18, од кои најдлабоката е 400 метри, но гувернерот сѐ уште не е сигурен дали на тој начин ќе се успее да се дојде до момчињата. Децата исчезнаа на 23-ти јуни кога влегле во пештерата во близина на границата со Мијанмар и со Лаос.

Нуркачките, по тешката потрага и нуркање по тесните премини и матните води, ги пронајдоа во понеделникот доцна вечерта на подигната карпа на околу четири километри од влезот во пештерата. Вестите дека момчињата се пронајдени живи по десет дена предизвика еуфорија на Талјанд. Сѐ уште не се знае како ќе излезат од пештерата, но една од опциите е самите да се обидат да излезат на површината., па веќе започнале да учат да нуркаат.

По неколкуте суви денови, за викендот се најавуваат нови врнежи. Нуркачите кои учествуваат во акцијата за спасување, сепак, веруваат дека е подземна операцијата сѐ уште е можна, и покрај тоа што еден тајландски нуркач загина додека во пештерата носел боци со кислород. Поранешниот нуркач на тајландската морнарица почина во петокот на излегувањето од пештерата откако го доставил кислородот. Засега е нејасно дали 37-годишниот Саман Кунан умрел поради тоа што неговата боца со кислород се оштетила или се испразнила.