Сиријската армија ја презеде контролата врз клучниот граничен премин со Јордан

Сиријската армија ја презеде контролата врз патната линија Дамаск-Аман кон стратешки клучниот граничен премин „Насиб“, соопшти извор во сириската армија.

Сиријската армија поставува контролни пунктови по должината на рутата Дамаск- Аман. Откако населбите Насиб и Ум ел Мајзан се приклучија на примирјето булдожерите почнаа да ги чистат барикадите на патот, изјави изворот.

Во петокот по успешните преговори на претставниците на Русија со лидерите на нелегалните вооружени формации, владините сили ја презедоа контролата врз главниот граничен премин „Насиб“ на границата со Јордан.

„Насиб“ е најголемиот граничен премин за транспорт на стоки меѓу Либија, Турција, Сирија, Јордан и земјите од Персискиот Залив. Милитантите го окупираа на почетокот на 2015 година.

Лидерите на милитантите во провинцијата Дера се согласија да ги завршат борбените операции. Во сите населби кои беа под контрола на опозициските одреди започнаа да се предавааат тешкото и средно оружје. На борците им беше дадена можност да го решат својот статус и да останат на југот. Оние кои не сакаат да го сторат тоа заедно со семејствата ќе бидат префрлени на север, во провинцијата Идлиб, објави Спутник.

Договорот исто така вклучува и обновување на работата на државните сиријски власти и враќање на бегалците на границата со Јордан во нивните домови.