Почина Британката затруена со „новичок“

Британката затруена со нервниот агенс кој британските власти го нарекоа „новичок“ со кој во март беа отруени поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, починала во неделата, а полицијата соопшти дека нејзината смртта ја истражува како убиство.

Четириесет четиригодишната Даун Старџес со нервен отров била изложена 30-ти јуни во областа на западна Англија, само десетина километри каде што со истата супстанција, како што тврди британската полиција, беа отруени Скрипал. Премиерката Тереза Меј изјави дека е згрозена и шокирана од нејината смрт.

Полицијата соопшти дека истражува на кој начин Старџес и 45-годишниот маж дошле до допир со предмет контаминиран со „новичок. Мажот уште е во болница во критична состојба.

По смртта на Даун Старџес во неделата, британскиот министер а внатрешни работи Саџид Џавид изјави дека „тажната вест само ја зајакнува нашата решителност да откриеме што точно се случило“.

Шеф британскиот антитерористички оддел Нил Басу, изјави дека Старгерс, мајка на три деца, починала од последиците на „страшен, безобѕирен и варварски чин“.

Русија повторно негираше секаква своја вмешаност во овој случај, обвинувајќи ја британската тајна служба дека го извела и овој напад за да ја подгрее „антируската хистерија“ насочена против Москва. Аналитичарите сметаат дека ова провокација во пресрет на закажаната средба на 16-ти јули меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот челник Владимир Путин од кој стравуваат американските сојузници во Европа.

Двајцата Британци се отруле на 30-ти јуни во Емејсбери, град на југозападот од Англија, 11 километри оддалачен од Салзбери, каде што беа затруени Скрипал и неколку километри оддалечен од британска воена база во којашто има хемиска лабораторија.

За затруената двојка во почетокот се мислело дека земале прекумерна доза хероин или крек. Но анализата на блискиот воено истражувачки центар Порт Даун покажала дека били изложени на „новичок“. Британија за тоа ја известила Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW). Дополнителната анализа покажа дека двојката била изложена на нервниот отров откако со раце допреле контаминиран предмет, соопшти полицијата.

Џејвид во неделата изјави дека полицијата ја разгледува можноста дека двата случаи на труење се поврзани. Додаде дека моментално не постојат планови за нови санкции против Русија.

Старџес починала во истата болница во Салзбери, иста во којашто се лекуваа Скрипал. Јулија Скрипал, којашто според објавеното 20 дена била во кома и пуштена од болница околу пет седмици по труењето, а нејзиниот татко беше пуштен на 18-ти мај.

Директорката на болницата Кристин Бланшард изјави за BBC дека персоналот неумерно се трудел да ја спаси Старџес „Напрвиле се што можеле“, додаде. Истрагата ја спроведе британската служба за борба против тероризмот, а полицијата соопшти дека случајот постојано работат стотина иследници.