(ВИДЕО) Селекао каменувани поради неуспехот во Русија

Фудбалерите на селекцијата на Бразил по враќањето во татковината по елиминацијата  на Светското првенство  во Русија беа дочекани бурно.

Нема сомнение дека големите фаворити за освојување на трофејот, ја растажија нацијата со испаѓањето во четвртфиналето од Белгија, но вака бурен „дочек“ малку кој очекуваше.

Навивачите покрај патот го пречекаа автобусот кој ги превезуваше првотимците на јужноамериканската репрезентацијата и го каменувале.

Бразилците не можеа да се помират со раната елиминација па целиот бес го истрошија на автобусот.