
Возач, тинејџер и две деца биле повредени во сообраќајна несреќа што завчера се случила на локалниот пат село Радишани – село Љуботен.
Според полицијата, сообраќајката се случила во саботата во 19.30 часот, кај Ризова чешма. Автомобил „фолксваген голф“ штоп го управувал скопјанецот С.З.(21) се судрил со возило „мерцедес“ управуван Х.Ј.(47) од Скопје.
Во сообраќајката потешко бил повреден 17-годишен сопатник во „голфот“, а полесно биле повредени возачот на „мерцедесот“ и две 12-годишнио деца кои биле сопатници на Х.Ј.
Тешко повредениот С.З. бил пренесен на скопските Клиники. Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.