Нула толеранција за говор на омраза и насилство

Во пресрет на меѓународните фудбалски натпревари во рамките на квалификациите во Лигата на шампиони и Лига Европа кои ќе се одиграат денеска и утре на стадионот „Петар Милошевски“ и на стадионот “Телеком арена“ во Градскиот парк во Скопје, МВР ја известува јавноста дека ќе се преземат низа мерки и активности, како и зајакнати контроли со цел одржување на јавниот ред и мир.

Апелираме до граѓаните кои ќе ги проследат натпреварите помеѓу екипите на ФК Шкендија и ТНС (Велс), како и помеѓу екипите на ФК Работнички и ФК Хонвед (Унгарија), да се воздржуваат од дејствија кои го нарушуваат јавниот ред и мир, а со цел да поттикнат насилство и други кривични дела. Министерството за внатрешни работи нема да покаже никаква толеранција кон насилство, нарушување на јавниот ред и мир и други кривични дела во рамки на Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари. Министерството за внатрешни работи ги повикува сите граѓани, особено навивачките групи на фер и спортско навивање, притоа проследувајќи ги спортските натпревари почитувајќи ги законските регулативи и правата на сите граѓани кои ќе дојдат да ги проследат натпреварите во живо, велат од МВР.