„Комитите“ запалија свеќи за Никола пред Собраниe

Во колони со возила и знамиња, навивачите на „Комити“ застана пред Собранието, каде запалија свеќи за Никола. На групата млади луѓе им се приклучија и неколку случајни минувачи, како и граѓаните кои со денови ја блокираат улицата пред собранието во знак на протест против промената на името. Тие во рацете држеа фотографии од починатото момче.

Од пред Собранието, „Комитите“ се упатија на погребот на 21-годишниот Никола Саздовски кој почина вчера.

Момчето беше во кома десетина дена , откако на 29 јуни беше претепан на автобуска станица во Автокоманда. Двајца од тројцата напаѓачи веќе се уапсени, а по третиот насилник полицијата се уште трага.