Четворица припадници на морнаричките специјалци на Тајланд останаа во пештарата Там Луанг откако безбедно ги извлекле преостанатите четири деца и нивниот тренер во третиот ден од спасувачката акција. Меѓу „луѓето жаби“ е и лекарот кој се грижеше за здравјето на децата.
Радосната вест ја објавија тајланските „фоки“ на својот профил, кои рекоа дека набрзо ќе излезат и нивните колеги.
Не сме сигурни дали е ова чудо, наука или што? Сите тринаесет „Диви Вепрови“ сега се надвор од пештерата“, стои во постот на „Фоките“ на Фејбук.
Исто како и нивните претходници, петмината извлечени по првичните прегледи од полската болница беа префрлени во болницата во Чианг Раи.
Претставник на министерството за здравство изјави претходно дека сите деца се во добра состојба, освен две од првите четири извадени, кои покачувале знаци на пневмонија и имале ниски температури. Децата се држат во излоација за да се спречат евентуални инфекции. Првата група деца веќе се виделе со своите родители, но преку стакло. Децата се уште нема да добијат од разновдната тајланска храна која ја побарале и уште се на диета со разредена каша, леб и малку чоколадо.
Во болница ќе останат најмалку уште една недела, што значи дека најверојатно ќе мора да ја одбијат поканата од ФИФА да го следат во живо финалето на Мундијалот во Русија.