
Кичевец бил пронајден мртов во бездна, вчера во близина на село Зајас, информираше МВР.
Според полицијата, околу 14 часот во Полициското одделение Зајас било пријавено дека на локалниот пат за село Речани, во провалија длабока околу 50 метри бил пронајден бил Г.Џ.(58) од Кичево. На патот над провалијата било паркирано неговото патничко моторно возило „Голф“ со кичевски регистерски таблици.
Од страна на Територијална противпожарна единица во Кичево лицето било извлечено и од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.
Извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
Истрагата треба да покаже дали станува збор за несреќа, самоубиство или убиство.