Трамп и Меланија на свечена вечера – демонстрантите пред палатата

Пред палатата Бленам , каде Американскиот претседател Доналд Трамп и сопругата Меланија се поканети на вечера со премиерката Тереза Меј , се насобраа илјадници демонстранти.

Претседастелот Трамп во црн костум , Меланија во жолт свечен фустан пристигнаа со хеликоптер во Оксфордшајр, во палатата Бленам.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=8&v=1WDWLLemhsk

На средбата ќе се разговара за трговијата меѓу двете земји по Брегзитот, бидејќи како што вели Трамп , Британија е во преодна фаза. Демонстранти има и пред амбасадата на САД во Лондон , каде Трамп ќе преноќева.

https://www.youtube.com/watch?v=rePglwy1lE8

Силно обезбедување е поставено насекаде низ Лондон , иако Трамп рече дека,,Британците многу ме сакаат “ и дека е во ред што организираат протести. Еден од најинтересните објекти што ќе ги види утре Трамп при посетата на Британскиот парламент , е огромниот жолт балон , висок 6 метри со лик на Трамп како инаетливо бебе.