Американската федерална порота на САД денеска обвини 12 руски разузнавачи дека во 2016 година ја хакирале компјутерската мрежа на претседателски кандидат на демократите, Хилари Клинтон и на Демократската партија, соопшти американското Министерство за правда.
Обвинението е поднесено три дена пред состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, пренесува Ројтерс.
Обвинението го објави заменик-јавниот обвинител Род Росентајн Rosenstein, а како дел од истрагата на специјалната истрага за потенцијална соработка помеѓу членовите на тимот на Трамп и Русите.
Тој на прес-конференција рече дека нема индикации дека американски граѓани се вклучени во наводните кривични дела кои се споменати во обвинителниот акт, како и дека за тоа претходно оваа недела е информиран и претседателот Трамп.
Претходно, истрагата предводена од страна на специјалниот советник Роберт Малер, обвини три компании и 20 лица, меѓу кои и четворица поранешни соработници на Трамп и Белата куќа и 13 државјани на Русија, а кои се осомничени дека учествувале, според АП, „во скриена, но силна кампања преку социјалните мрежи за да се разниша американското јавно мислење за изборите во 2016 година “.