Американската компанија „Теламон“ во изнајмен погон во Инџиково ќе произведува електрични кабли, а првично ќе инвестира 4 милиони евра и ќе бидат вработени околу 300 лица. Плановите се во наредните десетина години инвестиицјата да се зголеми на 11 милиони евра, а брјот на работници да се искачи на 600 тини. Владата денеска го потпиша договорот со американскиот инвеститор за добивање државна помош.
Според надлежните, изборот на „Теламон„ да го прошири своето производство во Македонија е доказ дека земјава е конкуретна со своите мерки за подршка на странските инвеститори. Погонот во земјава е првата инвестиција во Европа. Компанијата работи и во Мексико Кина и Сад.
На најавата за влез на новата инвестиција од страна на Владата реагираа од опозицијата. Велат дека инвестицијата на „Теламон“ е резултат на работата на ВМРО ДПМНЕ
На владата на Заев им требаше цела година да склучат договор на она што речиси беше завршено во целост.Инвестициите на компанијата „Теламон“ и американската компанија „Дога“, чиј камен темелник ќе се случи наредната недела се дел од пакетот на 60 странски компании со кои беше во напредни преговори владата на ВМРО-ДПМНЕ, и е вистинска штета што од 60 компании до сега владата на СДСМ реализираше само 2 инвестиции, се вели во ракцијата од ВМРО ДПМНЕ.