
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што претпладнево во 10 часот и 10 минути се случи на регионалниот пат Битола- Демир Хисар на излезот кај селото Лисолај.
Од СВР Битола информираат дека сообраќајката настанала при судир на камион и трактор и оти загинал совозачот кој се наоѓал во тракторот.
Сообраќајот на регионалниот пат Битола- Демир Хисар, на излезот кај селото Лисолај е во прекин, а екипи на СВР-Битола и други надлежни институции вршат увид и ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа.