Четириесет и деветгодишен тетовец со повреди на главата е во кома се бори за живот откако пукал во двајца сограѓани во Тетово ноќта кон саботата по престрелката во којашто уште две лице со повреди од куршуми се згрижени на скопските клиники
Според полицијата, лицето коешто е во кома, поради тешки повреди на главата нанесени од тап предмет, најверојатно од пиштол, претходно со пиштол ги застрелал двајцата браќа. Застреланите, пак, прво биле третирани во тетовската болница, за потоа да бидат префрлени на клиниките во Скопје
Лицето во кома сѐ уште се наоѓа во животна опасност.
Инцидентот се случил околу 2,30 часот ноќеска во Тетово, а во престрелката вкупно биле испукани пет куршуми. Тројцата повредени во синоќешните престрелки во Тетово се наоѓаат во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а полицијата ги идентификувапше како 37-годишниот С.К., 36-годишниот С.К. и 49-годишниот М.А.
На местото каде што е пукано, пронајдени се пиштол „зброевка“ со осум куршуми, траги од крв, патничко возило „мерцедес“. Испукани се 5 куршуми а чаурите и останатите докази се предадени за вештачење, изјави за медиумите Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
Јавниот обвинител кој го води случајот издал наредба да се земат парафински ракавици, поради проверка дали и кај кои од лицата има присуство на барутни честички, а ќе се проверува и дали повредените биле во алкохолизирана состојба. Обвинителството дополнително го утврдува и мотивот за престрелката.