
Поранешниот професионален хокеар, Канаѓанецот Реј Емери (35) настрада во пристаниште во Хамилтон, на Езерото Онтарио, Канада. Полицијата потврди дека Емери починал вчера рано изутрина во неговиот роден град, а тој се удавил додека пливал.
Емери, кој беше голман, во НХЛ лигата играше за „Отава сенаторс“, „Филаделфија Флејерс“, а помина и две незаборавни сезони во „Чикаго Блекхокс“ со кои што го освои Стенли купот во 2013 година. Во НХЛ помина 11 сезони.
Канаѓанецот исто така играше во Европа. Неговиот последен клуб е германскиот „Адлер“ од Манхајм за кој играл во сезоната 2015/2016, а исто така и во сезоната 2008/2009. Беше првиот голман на „Атланта“ од Москва со кого играше четврт-финале на КХЛ.