Секој десети штипјанец возел под дејство на алкохол

Секој десетти возач во Птип бил под дејство на алкохол, покажала контроата на полицијата.

СВР Штип ноќта меѓу петокот и саботата спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Контролирани се вкупно 172 возачи од кои алкотестирани се 104. Кај 11 возачи констатирано е присуство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Eвидентирани се и 24 други сообраќајни прекршоци и за нив се издадени соодветни санкции.

СВР Штип спроведува и ќе продолжи со засилени контроли со цел да се намали бројот на овој, но и на останатите сообраќајни прекршоци кои придонесуваат за случување на сообраќајни незгоди со потешки последици.
Апелираме сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација на патиштата.