Поради големиот интерес во јавноста околу злоупотребата на армиските ресурси од страна на раководните лица на Министерството за одбрана, а заради лични задоволства, односно одење од кафана до кафана со армиските транспортни хеликоптери, НетПрес одлучи да направи мало истражување кои се всушност лицата кои ги користеа услугите на армиските пилоти од хеликоптерските единици.
Па така, по внимателно прегледување на снимките и добиени информации од извори од министерството за одбрана, го откриваме идентитетот на еден од мистериозните патници. Станува збор за Драган Николиќ, државен секретар во Министерството за одбрана, и очигледно човек од исклучителна доверба на министерката Радмила Шеќеринска.
Николиќ е човекот на снимката кој глуми широкоград домаќин, се разбира на сметка на грбот на граѓаните на Република Македонија. Но, доколку се погледне неговиот фејсбук профил, може да се заклучи дека освен што е љубител на летање со хеликоптер, исто така ужива и во бројните службени патувања на сметка на министерството.
Вашингтон, Брисел, Букурешт…, но и многу други дестинации се само дел од неговото портфолио, а секако, не пропушта при овие патувања да се смести и во луксузни хотели, како на пример оној на „Hilton“ во Вашингтон.
Во следниот текст продолжуваме со идентификација на другите мистериозни патници од хеликоптерот на АРМ.