Мојс најпосле ја доби заслужената клоца

И официјално, Дејвид Мојс повеќе не е менаџер на Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека е само прашање на време кога на Мојс ќе му биде покажана излезната врата од “Олд Трафорд”.

Поранешниот менаџер на Евертон е единствениот виновник за очајната сезона на Манчестер Јунајтед, во која “црвените ѓаволи” веќе доживеаа 11 порази во домашниот шампионат, а во новата клупска сезона нема да бидат дел од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Најверојатно во преостанатите четири натпревари од актуелната сезона, менаџерската функција ќе ја извршува велшкиот ветеран, Рајан Гигс, а во следните неколку дена, челниците на Манчестер Јунајтед ќе остварат контакт со актуелниот тренер на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп и со актуелниот селектор на Холандија, Луи ван Гал.