
Синдикатот на Југохром од Јегуновце апелира менаџментот што побрзо да го постави филтерот за отпрашување како услов за рестарт на фабриката.
Обвинувањата од здружението „Еко герила“, според синдикатот на „Југохром“ се „тенденциозни и неточни“, и затоа бара да му се овозможи на комбинатот да почне со работа, а паралелно со тоа да продолжи инсталацијата на системот за отпрашување.
Според синдикатот, обвинувањата од „Еко герила“ дека „Југохром“ е најголемиот загадувач во Полошкиот регион се неаргументирани и тенденцијата е овој комбинат да не работи.
Од Синдикатот денеска на прес-конференција посочија дека нивните анализи направени врз основа на податоци од надлежни институции покажуваат дека и во периодот кога „Југохром“ не работел, имало загадување на воздухот.