
Бразилецот Нејмар останува во ПСЖ и ги расчисти сите шпекулации околу неговата преселба во „Реал“ Мадрид. Нејмар пристигна минатото лето во Франција со една цел- да ја освои ЛШ. Сепак, клубот минатата сезона повторно загуби во осминафиналето, а Нејмар поради повреда го пропушти реваншот против „Реал“.
Имам договор со овој клуб и имам предизвик да оствариме некои зацртани цели. Ништо од тоа не е променето. Постојано има шпекулации, новинарите пишуваат, но тоа не ме интересира, бидејќи се измислици. Сакам и ќе останам во Париз и ќе бидам дел од ПСЖ. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона и ќе освоиме нови трофеи, рече Нејмар.
Францускиот првак за Нејмар плати 222 милиони евра, што е убедливо најскап трансфер на еден играч. Шпекулациите беа дека Реал може да даде неверојатни 625 милиони евра и во пакет на „Сантијаго Бернабеу“ да ги доведе Нејмар и Килијан Мбапе, двајцата од ПСЖ.