
Најмалку 11 лица загинале, а полицијата трага по десетина патници откако туристичко амфибиско бродче потонало во езерото Тејбл Рок во американската сојузна држава Мисури, јави новинската агенција ДПА.
Локалните медиуми јавуваат дека биле спасени седум патници, меѓу кои три деца, а нуркачите трагаат по останатите патници. На бродот имало 31 патник.
Несреќата била предизвикани од силната бура што го зафатила регионот, при што се кренале ветрови со брзина од 100 километри на час. Бродот амфибија „Ride the Ducks“ се превртел, а патниците испаднале од него.
Компанијата која ги организира ваквите тури во минатото имала повеќе несреќни случаи.
Олујата наиде неверојатно брзо. Живеам овде најголем дел од мојот ќивот, но никогаш не сум доживеал вакво невреме, изјави Рик Кетлс, сопственик на ресторанот „Лејксајд“, туристички комплекс покрај езерото.
Според него, локалната метеоролшка прогноза не предупредила дека ќе има невреме.