ВМРО-ДПМНЕ: Техничка влада пред секои избори

ВМРО-ДПМНЕ, по завршување на синоќешниот состанок на Извршниот комитет на партијата, соопшти оти останува на своите ставови дека пред секои избори треба да се избира техничка влада и побара реализирање на веќе договорените концепти за финансирање на партиите.

Само на овој начин избирачите ќе имаат гаранција дека власта нема да го злоупотреби нивниот глас, односно дека опозицијата ќе има можност соодветно да дејствува при сите обиди за можен фалсификат, пишува меѓу другото во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со формулацијата на референдумското прашање ИК на ВМРО-ДПМНЕ смета дека за да се согледа јасно волјата на граѓаните мора да се почитува законот што предвидува недвосмислени прашања.