
Во поплавите во Бугарија еднo лице загина, а властите прогласија вонредна состојба во Тетевен, во централниот дел на државата.
Загинал 36-годишен маж во близина на Тетевен, кога на него наишло огромно количество вода.
Обилен дожд ги зафати селата Глогово и Градежница, каде што се поплавени повеќе куќи и патишта, а уништени се и неколку мостови. Во селата се активирале и свлечишта. Oколу 300 луѓе се отсечени и нив ги снабдуваат со храна и лекови. 11 области се во портокалова фаза.
На некои места наврнале до 26 литри воден талог на метар квадратен.