Хоророт на Атика: Се прегрнале и заедно заминале во смрт

Во  населбата Мати, во еден двор на околу 30 метри од морето, пронајдена е група од 26 мртви лица кои се прегрнале и  заедно заминале во смрт. Тие не успеале да стигнат до морето и да се спасат од огнените јазици што им се приближувале.

Тоа е најтажната слика од денешниот ужас што се случува во областа Атика, кај Атина.

Во пожарите што таму беснеат веќе седум дена, според најновите информации  загинале 74 лица, а над 180 се повредени. Шумските пожари што беснеат на повеќе места проголтале и над 100 куќи и исто толкав број автомобили.

Грчките медиуми пренесуваат потресни приказни. За еден портал жена раскажала дека видела девојче кое горело и скокнало во морето од голема висина.

Жителите на областа, како и бројните туристи се обидуваат да спасат жива глава бегајќи во морето, а пожарникари трагаат по исчезнати лица.

Густ чад се издигнува и над Акропол.