Измамен старец на пазарот во Прилеп

Старец од Прилеп останал без над 8.000 евра, кои им ги дал на двајца измамници, информираше МВР.

Според полицијата, вчера во 15.30 часот во Полициската станица Прилеп Ѓ.И.(84) пријавил дека истиот ден на градскиот пазар од страна на две непознати лица му била извршена измама при што му одзеле 7.000 франци и 150.000 денари.

Имено лицата под изговор дека заедно со оштетениот ќе отвореле златара, го убедиле да им ги даде парите кои дел ги имал дома, а дел ги извадил од банка, по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.