
Автомобил се запалил денеска на автопатот Тетово- Скопје, а сообраќајот се одвива отежнато, јавуваат граѓаните кои се движат по оваа сообрќајница. На Ѕид на сообраќајниот срам на Фејсбук е поставено видео на кое се гледа запалениот автомобил.
Според МВР, станува збор за автомобил „алфа ромео“, сопственост на лице од Тетово, а возилото се запалило во движење од непознати причини. Возачот, како и лицата во автомобилот излегле надвор и не се повредени.
https://www.facebook.com/alemin.jasari/videos/1711355028982932/?t=69