Европската унија ќе ги продолжи преговорите со Украина за договорот за асоцијација, надевајќи се на неговото потпишување, штом Украина ги исполни сите услови на 28-члениот блок, соопшти „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.
„ЕУ е подготвена да разговара и со Русија за ситуацијата со Украина во духот на стратешкото партнерство“, додала Ештон.