Сноуден е „човек на годината“ според „Еуроњус“

Меѓународниот телевизиски канал „Еуроњус“ денеска го назначи поранешниот консултант на американските разузнавачки служби, Едвард Сноуден за „човек на годината“, според резултатите од анкетата спроведена врз неговата публика на крајот на 2013 година.

Во првите три лидери, според гледачите на „Еуроњус“, влегуваат рускиот претседател Владимир Путин и поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско.

Во моментов Сноуден се наоѓа во Русија, каде веќе успеа да најде работа за во веб-сајт.

Едвард Сноуден ги обелодени активностите на Агенцијата за национална безбедност на САД, која има создадено систем за прислушување не само на граѓаните на земјата. При тоа објавените податоци од Сноуден покажуваат дека Вашингтон тајно собирале информации за влијателни личности во голем број земји од Европа, Јужна Америка и Азија.