И Интерпол трага по Јетон Љужа, еден од убијците на Саздовски

Интерпол од денеска трага по 19 годишниот Јетон Љужа, третоосомничен за убиството на Никола Саздовски. Иако обвинителството уште пред 10 дена го промени делото од насилство во убиство извршено на свиреп начин и најави распишување на меѓународна потерница, неговата фотографија со лични податоци денеска излезе на сајтот на МВР.

Во меѓувреме, останатите двајца осомничени се во притвор и се очекува уште еднаш наредната недела да бидат однесени на распит во обвинителството за да се соочат со доказите за делото убиство извршено на свиреп начин. Никола Саздовски викан Саздо беше претепан до смрт на 29 јуни, на автобуска станица среде бел ден во Автокоманда. Според вештачењата тој бил претепан со голи раце, без употреба на предмети. Мотивите допрва треба да бидат објавени.