Коњаниците тргнаа за Крушево

Коњаниците од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, која традиционално е покровител на манифестацијата „Илинденски марш“ тргнаа за Крушево каде треба да пристигнат на 2 август за прославата која ќе се одржи по повод најголемиот македонски национален празник, Илинден.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин на коњаниците им го предаде општинското знаме со што официјално стартуваше јубилејниот 40-ти коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.

Во рамки на манифестацијата дваесетина коњаници придружувани од игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржи свечена литургија.

Специјален покровител на манифестацијата е претседателот Ѓорге Иванов.