
Инцидент во затворот во Шуто Оризари. Како што информираат од полицијата, вчера во 22,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во Скопје во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари во делот на механичарската работилница на затворот паднал проектил од непознато огнено оружје, кој прво удрил во профил на настрешница, а потоа се заглавил во седиште од возило кое било оставено надвор од возилото. Повредени лица нема. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.