
Државениот санитарен и здравствен инспекторат, како и Клиниката за детски болести утврдиле дека на четирите хоспитализирани деца со дијабетес мелитус тип 1 за прв пат им била дијагностицирана болеста.
Во врска со случувањата од претходните денови кога за краток период имавме 4 случаи на деца со дијабетес мелитус тип 1 од внатрешноста , поточно две од Охрид, едно од Гевгелија и едно од Свети Николе, од страна на ДСЗИ извршени се вонредни инспекциски надзори кај матичните доктори на децата при што од увидот е констатирано дека сите четири деца за прв пат им е дијагностициран дијабет по последното влошувањето на здравствената состојба поврзана со хоспитализацијата на клинките во Скопје. Од првичниот увид во медицинската докуменација водена за децата, ДСЗИ костатираше дека сите посетите на децата кај матичените лекари како и посетите во останатите здравствени установи, воглавно се уредно евидентирани, велат од Минитерството за здравство.
Според ДСЗИ, дијабетес мелитус тип 1 е најчесто автоимуно заболување кое се карактеризира со деструкција на бета клетките на панкреасот при што доаѓа до комлетен недостаток на инсулин. Една третина од новодијагностицираните деца од дијабетес мелитус тип 1 се примаат во кетоацидозна состојба која бара интензивна терапија.
Децата обично пројавуваат симптоми на зголемен внес на течности, зголемено мокрење, зголемен внес на храна, слабеење и стомачни болки, една до четири недели пред да им биде поставена дијгнозата.
Имајќи го предвид наведетото, водењето на децата од страна на матичните лекари како и од страна на здравствените работници во болничките установи, е согласно упатствата и протоколите за медицина базирана на докази.
Нашата држава спаѓа во земјите со мала/средна инциденца во однос на појавата на дијабет кај деца. Во последните години постои тренд на зголемување на бројот на заболените кое е во согласност со светските трендови.