Федерер најави крај на кариерата, но не рече кога

Швајцарецот Роже Федерер, сопственик на 20 Грен Слем титули за неколку дена ќе наполни 37 години, но и понатаму игра извонредно, а во моментов е втор на АТП листата.

Крајот е поблизу отколку што бил порано, но кога точно ќе биде- не знам. Немам никакви планови. Една работа е сигурна- животот ќе ми биде интересен и забавен, особено со четри деца. Како тие стануваат постари, ќе станат и посериозно,  ќе тргнат на училиште … Се радувам на сето тоа, изјави Федерер.

Тој истакнува дека младите играчи треба да добијат повеќе медиумско внимание.

Малку е чудно, порано се зборуваше за млад играч кога ќе оствари некоја важна победа. Сега, ако не го совладале Рафа, мене или Ѓоковиќ, како да никој не се грижи за тоа , додава Швајцарецот.

Федерер ќе го пропушти Роџерс купот, а ќе се врати на терените во Синсинати.