Во несреќата во Црна Гора загинаа туристи од Полска, спасени седум деца

Во судирот на јахта и едрилица во Јадранското Море загинаа двајца туристи од Полска, потврди Управата за поморска сигурност на Црна Гора.

Несреќата се случила во заливот Бока Которска, во близина на Луштице, а на јахтата и едрилицата имало  13 патници, од кои седум деца.

Медиумите во Подгорица јавуваат дека полицијата го привела возачот на јахтата, кој е црногорски државјанин на 30-годишна возраст, по потекло од Тиват.

Едрилицата пловела под полско, а јахтата под британско знаме.