Опасност од терористички напади, мински полиња и гранати останати од времето на војната, етничко насилство, лоша патна структура и сиромаштија. Ова се само дел од предупредувањата на министерствата за надворешни работи на голем број држави, кога се работи за патување во Босна и Херцеговина.
Исто така, освен САД и Велика Британија, поголемиот број држави го тргнаа предупредувањето за опасност од тероризам. Од Стејт Департментот се уште се издава предупредување за американските држајвани кои патуваат во оваа земја. „Терористичките групи се уште планираат можни напади во Босна и Херцеговина. Тие може да нападнат без предупредување, а цел им се туристички локации, шопинг центри, владини институции, хотели, клубов, ресторани, цркви, паркови, спортски и културни манифестации, образовни институции, аеродроми и други објекти. Не одалечувајте се од асфалтирани патишта и не приоѓајте на запуштени згради и објекти каде може да има опасност од мини“, стои во предупредувањето.
Британците исто така ги предупредуваат своите државјани за опасност од патувањ во БиХ, но иако статистички околу 9. 000 Британци годишно ја посетуваат оваа земја, до сега немале случај каде што нивните животи биле доведени во опасност.
Германското министерство за надворешни работи го оттргна предупредувањето за терористички напади, но серак предупредува за можни мински полиња. Швајцарија исто така предупредува за опасност од неексплодирани гранати, а Австрија ја оценува Босна како земја со „висок ризик“.