Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 12 Целзијусови степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 20 Целзијусови степени.
Во четврток ќе биде облачно со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Во доцните попладневни часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 6 до 12 Целзијусови степени, а максималните дневни температури од 11 до 21 Целзијусови степени.
Нестабилното време со врнежи од дожд и грмотевици ќе продолжи и во петок. Поинтензивни и поројни врнежи се очекуваат во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува умерен северозападен а во западните предели умерен западен и северозападен ветер. Утринските температури од 5 до 11 Целзиусови сепени, а максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 20 Целзијусови степени.