
Велешанец бил уапсен откако во таксито во кое се возел бил фатен со кокаин, информираше МВР.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје и Г.Л. (51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.
Според полицијата, на 23.02.2018 година на улица Финска во Скопје велешанецот од Е.М. набавил 24 грама кокаин, по што со такси возило заминал за Велес. На автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатниот пункт кај Сопот, при преглед на такси возилото и на велешанецот пронашле и одзеле 24 грама кокаин.