
Роднини на една жена и еден маж , кои загинаа во катастрофалните пожари во Атина, ги тужат властите , пожарникарите и полицијата за загубата на нивните најблиски.
Властите во Грција , според обвинението се соочуваат со одговорност за убиство без намера телесни повреди и изложенист на смртна опасност. Ова е наведено во обвинението , кое го објавува агенцијата Ројтерс.
,, Верувам дека оние кои се одговорни за заштита на луѓето , за извлекување од огнот и преземање мерки за безбедност за да се спречи несреќата , ќе бидат казнети .”изјави адвокатот Андонис Фусас.
Обнвинителството ги истражува причините за катастрофалниот пожар во атинското предградие Мати , во кој загинаа најмалку 91 лице .
Двајцата загинати , чии роднини поднесуваат обвинение настрадале при обид да избегаат од огнената стихија , а нивните тела биле пронајдени на 400 метри од куќата. 70 – годишниот учител Василис Кацаргис бил блокиран во гаражата , додека неговата сопруга и пријателите од САД се бореле за да стигнат до најблиската плажа. Неговата сопруга се вратила за да го спаси него и нивната 73 годишна сосетка, но не успеала.
Два дена пред катастрофалниот пожар го славеле венчавањето на нивната ќерка , наведува адвокатот. Според роднините ниту пред ниту за време на пожарот властите не им давале совети како да се спасат од пожарот и каде да избегаат на сигурно.
Според грчките власти, има индиции дека пожарите се подметнати и причината е криминална активност на поединци.