
Се надеваме дека македонските граѓани ќе ја искористат приликата на 30 септември да го дадат својот глас на референдумот за пристапување на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција – изјави доцна вечерва високиот претставник на официјален Вашингтон, Метју Палмер кој се сретна со премиерот Зоран Заев.
Ја повика опозицијата стратешки да размисли за иднината на земјата, особено за младите.
„И порачав на опозицијата да гледа на работите стратешки, да размислат што е најсветла иднина за македонските граѓани, посебно за младите, и сериозно да размислат што нуди Преспанскиот договор како европска иднина за Македонија и кои се придобивките од тоа, што отвора како можности и да најдат начин како да ја поддржат оваа европска иднина“, изјави Палмер.
На средбата со премиерот била потенцира потребата од успешно спроведување на референдумот, од кој зависи полноправното членство на Македонија во НАТО, а ќе биде и одлучувачки за почеток на преговорите за членство во Евроспката Унија.