Роднините на жртвите од пожарите во Грција ја тужат државата

Роднините на една жена и еден човек што загинаа во катастрофалните пожари кои  се случија минатата недела во Атина ја тужат државата, вклучувајќи ги и пожарникарите  и полицијата , бидејќи сметаат дека се одговорни за нивната смрт, објави Ројтерс, повикувајќи се на судски извори.

Изворот појаснува дека тужбата вели  дека властите можат да бидат одговорни за обвиненијата за убиство од небрежност, нанесување на телесна повреда, изложување на опасност , која довела до смрт и пожар кој тие го  опишуваат како “библиска катастрофа”.

Грчката обвинителство ја испитува причината за пожарот и улогата на властите во сузбивањето на пожарот во кој загинаа најмалку 93 лица во крајбрежниот град Мати и целата област .

Двете жртви загинаа во обид да избегаат од пламенот , пишува тужбеното барање. Нивните тела се наоѓаат околу 400 метри од нивниот дом.

70-годишниот учител е заглавен во гаража, додека неговата сопруга и семејните пријатели од САД се обиделе да стигнат до најблиската плажа. Два дена пред катастрофата тие  ја прославија свадбата на својата ќерка , пишува  во барањето.

Грчките министри коментираат дека постојат индикации дека причината за пожарот е намерно подметнување пожар . Полициски официјални лица изјавија дека едно лице е притворено и испрашувано.