
Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, синоќа ги отвори “Научно културни средби 10 Дена Крушевска Република” проследено со импровизација на Црешовото топче, огномет, вечерен концерт со Кристина Арнаудова, импровизиран напад организиран од Армијата на Р.Македонија и прогласување на Крушевската Република со биење на камбаните од крушевските цркви.
,,Овие 10 дена Сите патишта водат кон Крушево!
Крушево и крушевчани живеат во духот на Илинденското востание и првата Република на Балканот.
Секој е добредојден без разлика на вера, пол или убедување!
Крушево е град на историја, култура и традиција!“-рече градоначалникот, но кога спомна дека наскоро ќе одлучиме за нашата иднина, (референдумот), беше проследeно со повици Уа и свирежи од некои од присутните, но и со аплаузи од поголем број од присутните.
Претходно, во текот на вчерашниот ден, коњаниците беа пречекани традиционално по нивниот неколкудневен марш низ Македонија.