
Во Србица, местото каде што е ликвидиран командантот на ОВК, Адам Јашари е соопштена вест која израдува илјадници Албанци.
Министерот за дијаспора на Албанија, Пандели Мајко изјави дека од 1 јануари веќе нема да постои граница меѓу Косово и Албанија. Ова го соопшти на одбележувањето на Денот на дијаспората. „Сакаме да ја отвориме границата меѓу Косово и Албанија. Премиерот ми потврди дека таквата одлука е донесена и дека ќе стапи во сила од 1 јануари“, изјавил Мајко, а пренесува Lajmi.net.
Иако за оваа одлука немаат гаранции од меѓународната заедница, сепак според српските медиуми, властите на Приштина и Тирана активно работата на планот на создавање „Голема Албанија“.