Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов денеска во Благоевград заедно ја одбележаа 115-годишнината од Илинденското востание.
Двајцата премиери учествуваа на церемонијата на положување венци и цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“ во Благоевград.
Ова е втора заедничка прослава по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство меѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.
На одбележувањето на годишнината присуствуваа и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.