
Очевидец на Твитер тврди дека вчера во Крушево се случил инцидент во кој бил инволвиран советникот за инвестиции на премиерот Заев, Љубе Бошковски.
И на крај, на одење, пред хотел Монтана, брат Љубе се степа со еден. Човекот беше во кола и пцуеше по брат Љубе, му викаше предавник. Љубе се поврати, му појде на прозор да се кара, викање, влечење, си удрија по 3-4 тупаници, пишува сведокот на Твитер и го прашува министерот за внатрешни Оливер Спасовски дали ќе има кривична за Бошковски.