
Шеесет и шестгодишнен маж од Тетовско почина по сообраќајка на регионалниот пат Пирок-Тетово кај Горна Речица.
Мажот управувајќи возило „опел астра“ со тетовски регистерски таблички излетал надвор од коловозот и удрил во бандера.
Веднаш по незгодата, тој бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.