
Најмалку 29 луѓе се убиени а уште други 81 се ранети во петокот во двоен бомбашки самоубиствен напад врз шиитска џамија на истокот од Авганистан кој го извршиле непознати лица кои носеле бурки, традиционални женски муслимански прекривки за главата и лицето, покажуваат првичните сознанија.
Бомбашите самоубијци преправени како жени го извеле нападот во Гардез, во источната покраина Пактија на границата со Пакистан. Прво отвориле оган врз верниците а потоа ги активирале експлозивните направи, соопшти покраинската полиција.
„Преброивме досега 29 мртви и 81 ранети. Сите жртви се верници кои се собрале на петочната молитва кога биле покосени“, изјавил началникот на покраинската полиција, генералот Раз Мохамад Модназои.
Според очевидци, пак, бројот на жртвите од бомбашкиот напад кој го извршил најмалку еден 30-годишник достигнува до 70 лица.
Ова не е првпат напаѓачите од редовите на радикалните сунитски движење за извршуваат напади врз шиитското малцинство во Авганистан преоблечени како жени, бидејќи жените ретко се претресуваат и покрај ригорозните безбедносни мерки.
Засега ниедна радикална организација, како што се Талибаните или Исламската држава, чијашто цел се шиитските муслимани кои ги сметаат за отпадници од верата, не ја презема одговорноста за овојо напад.