Помпео тврди дека Пјонгјанг ќе постави рокови за денукеларизација

Северна Кореја ќе постави рокови за својата денуклеаризација, изјави во петокот американскиот државен секретар Мајл Помпео во текот на својата посета на Сингапур каде што во јуни се одржа историската средба на американскиот претседател Доналд Трамп и челникот на оваа комунистичка земја Ким Џонг-ун кој тогаш ја изрази својата приврзаност на денуклеаризацијата на целиот Корејски полуостров.

И покрај објавата на двајцата челници дека е постигна договор во кој Ким ја потврдил својата „цврста решеност“ за денуклеаризацијата, досега многу малку е сторено во врска со ова прашање.

„Конечните рокови за денуклеаризацијата ќе ги постави претседателот Ким, барем делумно. Тој треба да ја донесе одлуката“, вели американскиот државен секретар Мајк Помпео во интервјуто за Channel News Asia од кое транскрипти објави неговиот кабинет.

„Тој се обврза и ние сме многу оптимистични дека во текот на следните седмици и месеци можеме да оствариме битен напредок кон тоа и многу брзо да го насочиме народот на Северна Кореја кон посветла иднина“, додава Помпео.

Шефот на американската дипломатија, која ја предводи администрацијата во решавањето на прашањето на Северна Кореја, исто така, вели дека „сме поблиску“ до постигнување на денуклеаризацијата на оваа земја.

Претседателот Трамп претходно во средата примил ново писмо од Ким, а САД ги добија и посмртните останки на американските војници загинати во Корејската војна од 1950 до 1953 година, што се толкува како извонредно позитивен потег на Пјонгјанг.

Весникот The Washington Post извести оваа седмица дека Северна Кореја продолжува со градењето проектили на локацијата којашто е користена за конструирање балистички проектили, а меѓу аналитичарите и стручњаците во САД постои загриженост околу прашањето колку Пјонгјанг е доследен да се ослободи од својот нуклеарен арсенал.