Три Бугарки ограбиле скопјанец на Зелен пазар

Три Бугарки ограбиле скопјанец на Зелен пазар, информираше МВР.

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје поднесе кривична пријава против З.Н.З.(19), Д.А.Д.(27) и Д.М.Д.(41) од Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело кражба.
Кражбата се случила на 21.07.2018 година околу 11.15 часот на пазарот на улицата 11 Октомври.
Бугарките, откако го забележале оштетениот како пазари на една од тезгите, З.Н.З. искористувајќи ја гужвата во пазарот и неговото невнимание се доближила до него. Тогаш другите две се туркале во оштетениот за да му го одвлечат вниманието, а најмладата џепчијка од џебот од панталоните му го зела паричникот.
Во него имало 5.100 денари и документи, при што се стекнале со противправна имотна корист од 12.000 денари.

Осомничените биле забележани од страна на сопругата на оштетениот и веднаш била известена полиција. Од страна на полициски службеници излезено било на лице место, по што лицата биле лишени од слобода